
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, денес ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. Од страна на градоначалникот, пред амбасадорката беа претставени клучните приоритети на чија реализација е насочена општината, посебно во делот на подобрување на инфраструктурата во општината, подобрување на квалитетот на животната средина, но и културниот, туристичкиот и економскиот напредок на Битола.
За време на состанокот, беа разгледани можностите за продлабочување на соработката, особено преку можноста за збратимување на Битола и Осиек, а беше искажан и интерес за повторно ставање во функција на конзуларното претставништво во Битола, со именување на почесен конзул, што дополнително позитивно ќе влијае на реализација на заеднички активности.