91 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Ноември 25, 2022

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 91 возачи. Од нив 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани