Амбасадорот на Шпанија во посета на Битола

Ноември 25, 2022

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија, кој во Битола присуствува по повод неделата на шпански филм, која започна синоќа со проекција на филмот „Шампиони“.

На средбата, амбасадорот нагласи дека, најголемото поврзување на Битола, која го има ИФФК „Браќа Манаки“, со повеќе градови од Шпанија е токму преку филмската дејност и културата.

Градоначалникот Коњановски, го информираше амбасадорот, дека општина Битола, покрај кон поддршка и промоција на културата, значително е насочена и кон подобрувањето на инфраструктурата, урбаната мобилност и заштитата на животната средина, како и создавање на нови паркови и хортикултурно уредени површини.

Амбасадорот Гарсија и градоначалникот Коњановски, исто така разговараа и за економската состојба на Битола и можностите кои ги нуди Индустриската зона „Жабени“ за потенцијалните инвеститори.

На средбата, беше констатирано дека, двете страни имаат повеќе заеднички идеи и предлози, врз чија основа во понатамошниот период, предвидено е продлабочување и зајакнување на соработката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани