2win800x200

Советничката Захариевска Ралевска го демантира Котевски од ВМРО ДПМНЕ

Декември 02, 2022

Демант од советничката Мирјана Захариевска Ралевска на прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ Битола

Јас, Мирјана Захариевска Ралевска, со целиот професионален и човечки кредибилитет кој го имам, ги демантирам невистините кажани на прес конфренцијата на генералниот секретар на ОК ВМРО – ДПМНЕ Битола, Никола Котевски.

Начинот на работа во секоја работна организација е право на одлучување на раководителот, со цел зголемување на ефикасноста во работењето. И се додека постапките се согласно закон, нема причина за било какви реакции, особено од страна на политички партии.

Во случајот со колешката Елица Ивановска, која политичката партија ВМРО – ДПМНЕ одлучила да ја именува под псевдонимот Мајка нема апсолутно ништо спорно. Тоа го потврди и Трудовата инспекција која постапи по нејзина пријава.

Секој се бори за егзистенција и за работа и тоа е основно човеково право, но тоа не може и не смее да биде на сметка на угледот и честа на некој друг. Затоа, апелирам до сите инволвирани страни да се воздржат.

Кога пак обвинувањата доаѓаат од лица кои во својата непосредна работна средина се окарактеризирани како “неработници”, тогаш ниту партиските обележја не можат да ја сокријат намерата дека се работи за грубо прекршување на моралните норми кои би требало секој поединец да ги има.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани