Драган Ристевски, дипломиран новинар-политиколог, вработен како библиотекар во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола е добитник на признанието „Библиотека на годината за 2022 година” во категорија средни училишта во државата.
Библиотекарскотото здружение на Македонија објави дека - Комисијата ја донесе одлуката во категоријата основни училишта признанието да го добие Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието да го добие Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јовановски. Признанието на добитниците ќе им биде доделено на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје .