2win800x200

Сегрегација на ученици Роми во ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола-Пресуда на европскиот суд против Македонија

Декември 14, 2022

Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Македонија.

Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). На секое домаќинство му е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

– Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија. Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа – изјави правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали.https://novamakedonija.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани