АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Милевски, поранешниот министер за локална самоуправа ќе замине за амбасадор на Северна Македонија во Љубљана, Словенија. Денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи потврди дека за нив се добиени и агремани од двете земји.
Милевски до крајот на октомври годинава беше министер за локална самоуправа, кога на позицијата го замени поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.
Оставката од министерската функција тој ја поднесе кон средината на септември од, како што наведе тогаш, лични причини. Освен оттаму, тој се повлече и од лидерската позиција во Либерално-демократската партија (ЛДП) на која во ноември беше избрана пратеничката Моника Зајкова, објави 360 степени.