АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
31-годишно лице од Битола паднало во реката Драгор, при што заработило телесни повреди.
На 12.01.2023 во СВР Битола е пријавено дека во коритото на реката Драгор во Битола, во близина на дрвеното мовче, има паднато лице. Интервенирале полициски службеници и припадници на Територијалната противпожарна единица Битола, при што И.Ј.(31) од Битола, кој претходно паднал во реката, бил извлечен и пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди.