2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ќе се прави конзерваторски проект за првото училиште на македонски јазик во Љубојно, пари се обезбедени

Јануари 20, 2023

Отпочнува постапката за реконструкција и ревитализација на првото македонско училиште во Преспа и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Училиштето, каде на 15 ноември 1944 година започна за првпат настава на македонски јазик во Преспа, а второ во државата по она во Подвис, Кичевско, денес е разрушено, а зачувани се само дел од надворешните ѕидови. Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, при денешната посета на старото училиште ветија дека нема да остане заборавено и ќе се обнови.

„Одиме чекор по чекор, ја продолжуваме постапката до реализирање на идејниот проект да обезбедиме конзерваторски дозволи. Почнуваме со онаа сума која 2 години со ред беше одобрувана, но за жал, не беше реализирана а тоа се 500.000 евра”, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека училиштето е под режим на заштита како дел од споменичната целина Љубојно и дека ќе биде автентично обновено.

„Училиштетое светилник за Преспанскиот Регион, сега е без покрив, со коров во својата внатрешност. Но, тука сме за да го завршиме ветеното – обновување на местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет, а тоа е македонското јазик”, рече министерката.

љљ

Од Завод и музеј Битола соопштија дека во периодот кој следува ќе се започне со изработка на соодветен Основен конзерваторски проект за овој објект, и тоа во сите негови фази, а со цел да се обезбеди конзерваторско одобрение и дозвола за градба. По добивањето на соодветните дозволи и одобренија ќе може да се започне соодветна постапка со цел реализација на проектот на терен.

„По однос на временската рамка не можеме точно да ја дефинираме брзината на работата и процедурите, бидејќи зависи од многу фактори и институции, во кои што се водат соодветните постапки, но би сакале да веруваме дека овој, условно кажано, административен дел ќе го завршиме во текот на годината, вклучително со обезбедување на сите дозволи и дека ќе можеме да започнеме и со конкретни активности на терен. Ова не можаме да го тврдиме со сигурност поради погоре изнесеното, но нашите заложби секако ќе бидат во таа насока“, соопшти директорката Мери Стојанова.

љљ2

Премиерот Ковачевски, повикувајќи се зборовите на Блаже Конески и Крсте Мисирков, дека дури го вардиме нашиот јазик ќе ја имаме и татковината, рече дека оваа Влада ќе се грижи за објектите кои се темели на македонскиот јазик и образование.

„Владата ја донесе одлуката и Министерството веќе започна дејствија за реконструкција и ревитализација на објектот. Со грижата за овие објекти кои се дел од нашето јазично и културно наследство, ја испраќаме пораката дека оваа влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик дома и во светот. Со тоа го штитиме и афирмирање и нашиот посебен македонски идентитет“, рече Ковачевски.

За првиот час по македонски јазик во школото сведочи и спомен плочата поставена на некогашниот влез на училиштето на која пишува дека тоа се случило на 15 ноември 1944. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани