2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Не постои невработен дипломиран инженер по мехатроника, вели професорот Роберто Пашиќ од Техничкиот факултет во Битола

Февруари 01, 2023

Интересот за студирање на студиската програма по мехатроника на Техничкиот факултет во Битола континуирано расте со оглед на тоа дека ова е креативна професија и за овие дипломирани инженери нема зима за вработување, објавува Факултети.мк.  Раководителот на студиската програма, проф. д-р Роберто Пашиќ, вели дека не постои невработен дипломиран инженер по мехатроника. Тоа се должи на фактот дека развојот на која било индустриска гранка е незамислив без примената на мехатрониката, која пак е интердисциплинарна област што опфаќа множество вештини потребни во денешната автоматизирана индустрија. Се работи за сублимат од електротехника, машинство и информатика. Современата индустрија е незамислива без примена на мехатронички системи, пишува Факултети.мк 

 
- Мехатрониката е професија како на денешницата така и на иднината. Автомобилската индустрија, авиоиндустријата и медицината се само дел од областите на примена на мехатрониката. Роботиката е само сегмент во мехатрониката. Електромеханички и контролни системи преку примена на различни сензори и актуатори (извршни елементи) управуваат различни индустриски процеси. Најголемо признание е фактот дека не постои невработен дипломиран инженер по мехатроника. Компетенциите со кои се стекнуваат нашите студенти се препознаени од пазарот на трудот - вели Пашиќ.
 
Проф. д-р Роберто Пашиќ
Пракса и вработувања во автомобилската индустрија
 
Пашиќ истакнува дека оваа студиска програма, како и други на Техничкиот факултет, е креирана во координација со потребите на работодавците.
 
- Студентите на студиската програма по мехатроника прво имаат пракса во лабораториите во рамките на Техничкиот факултет - Битола. Секако дека стопанството, особено странските инвестиции што работат во секторот автомобилска индустрија, овозможуваат пракса која е придружена со студентски стипендии кои завршуваат и со работно ангажирање по дипломирањето - вели Пашиќ.


Студентите на студиската програма мехатроника стекнуваат солидни знаења за дизајн, проектирање, изработка и одржување на мехатронски производи, машини и постројки со помош на компјутерско програмирање и технологија.

Уште во 2011 година беше поднесено првото барање за акредитација на студиската програма по мехатроника на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Студиската програма произлезе од TEMPUS проект наречен „Development of Regional Interdisciplinary Mechatronic Studies – DRIMS (Развој на регионални интердисциплинарни мехатронски студии). Иако ова не е машка професија и иако од година на година расте бројот на студенти, малку припаднички на понежниот пол се охрабруваат да студираат на неа.

- Интересот за студирање континуирано расте, но морам да истакнам дека е мала застапеноста на студентки, што е воопштена слика за сите технички науки - додава професорот.
 


Современи лаборатории со многу опрема, како и роботска рака

Успешноста на оваа програма е препознаена и надвор – таа е официјален партнер на Texas Instruments University Program - меѓународна програма посветена на поддршка на инженерските едукатори, истражувачи и студенти во светот. Со нивна помош беше опремена најсовремената лабораторија на Битолскиот универзитет, како и на други високообразовни институции. Остваруваат и активна соработка со National Instruments, Mikroe, Igus, Agilent...

 
- Техничкиот факултет во Битола има 10 современо опремени лаборатории, од кои една е и лабораторијата по мехатроника. Како официјални партнери на Texas Instruments University Program, лабораторијата е опремена со врвни тренажни системи од TI, огромен број на мерно-аквизициска опрема, сензори и актуатори, роботска рака, хуманоиди, симулатори и сето ова проследено со лиценцирани софтвери од TI, NI и Mikroe. Лабораторијата овозможува развој на мехатронички системи од идеја, преку изработка на прототип до финален производ директно применлив во реални услови - додава Пашиќ.
 
 
За понатамошен развој на овие студии, главниот фокус ќе биде ставен на следење на трендовите и потребите на индустријата, адаптација на студиската програма согласно барањата на индустријата и уште поголема застапеност на практичната работа на реални проекти.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани