2win800x200

Студентите на УКЛО ќе танцуваат

Февруари 01, 2023

Студентите на УКЛО ќе ја збогатат рекреацијата и забавата. УСС УКЛО им овозможува танц сесии во соработка со танцовиот спортски клуб ТСК СТЕП АП.

Танцувачките вештини студентите од УКЛО ќе ги практицираат со лиценцирани тренери, почнувајќи од март, па се до мај 2023 г. за кои пријавувањата се во тек.
 
Од УСС УКЛО оценуваат дека активноста е креирана да им помогне на студентите да го намалат стресот пред испити, да ја ослободат енергијата и да бидат среќни и воедно, да ги подобрат танцувачките вештини кај сите заинтересирани, особено за оние што ги очекува апсолвентската вечер.
 
Воведувањето нов квалитет во социјалното живеење и забава за студентите силно е поздравено и поддржано од Универзитетот и раководството на УКЛО кое ја негува заложбата за вклучување нови содржини што ќе го  подобруваат севкупното студентско живеење.
 
„Танцот е холистичка активност на умот, телото и душата. Танцот го намалува стресот, ја ослободува енергијата, го поттикнува ендорфинот и ве прави среќни. Да танцува треба секој кој се стреми кон личен напредок, кој има потреба од подобрување на самодовербата, зголемување на концентрацијата, развивање на тимскиот дух, позитивно размислување, дисциплината, држењето и говорот на телото. Танцот е спорт и тоа еден од најкомплексните. Ја подобрува општата кондиција, издржливоста, ги тонира мускулите, одличен е кардио фитнес, ја зголемува флексибилноста на телото. Подеднакво важен и за машкиот и за женскиот пол. Исклучително корисен за сите студенти и студентки на УКЛ“, напиша на својот ФБ профил проректорката Јасмина Буневска Талевска. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани