2win800x200

ЈАВЕН УВИД НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИСКИ КОЛЕКТОР И ГРАДБА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ

Февруари 01, 2023
Општина Битола, согласно член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање го става на увид на јавноста, Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е.1.6 – Изградба на канализациски колектор и градба за прочистување на отпадни води со приклучување кон веќе изграден колекторски систем во Национален парк Пелистер.
Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 01.02.2023 заклучно со 15.02.2023 година, а документацијата за увид е достапна на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/urbanisticki-proekt-pelister/.
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план на адресата на Општина Битола ул.Булевар 1-ви Мај бр.61, 7000 Битола.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани