2win800x200

Претреси на криминалистичката полиција на СВР Битола во повеќе градови, пронајдена дрога и оружје

Февруари 11, 2023

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија 10 претреси, во 9 куќи со 5 помошни простории и 1 стан, од кои 4 претреси во Битола, 2 во Прилеп, 1 претрес во Крушево, 1 во Македонски Брод, 1 претрес во Ресен и 1 во Демир Хисар. Акцијата е спроведена по  претходно изготвен план за координирани мерки и активности од страна на Одделот за криминалистичка полиција, за откривање на сторители за кривични дела по член 215 и 396 од Кривичниот законик и наредби од Судија на претходна постапка за вршење на претрес во дом и други простории, 

(Видео записот е од МВР и се оденсува на претреси кај 53 лица во 29 општини и Скопје во координирана акција за спречување на шверц со дрога и оружје, лишени од слобода 26 лица)
Со претресите беа опфатени 10 лица, од кои три се лишени од слобода, а кај нив биле пронајдени и запленети 42 семки марихуана, дробилки, ваги, 7 рамки за автоматска пушка, 90 куршуми маневарска муниција 7,62 мм, 5 куршуми 7,9 мм, 4 пакувања марихуана, корен и делови од стебла од марихуана, ловна пушка „Црвена застава“ 16мм, ловен карабин „Црвена застава“, ловна пушка 12мм, ловна пушка 16мм, 5 парчиња патрони 12мм и 7 парчиња патрони 8х75мм.

Поднесени се 3 кривични пријави против 3 лица по член 215 и 2 кривични пријави против 2 лица по член 396 од Кривичниот законик, а за едно лице ќе следат дополнителни проверки.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани