2win800x200

Полицијата го најде човекот што ја искрши оградата на мостот кај „Кланица“ и му поднесе пријава

Април 06, 2024

СВР Битола во текот на вчерашниот ден го најде мажот кој во два наврати ја искрши оградата на дрвениот мост кај населбата „Кланица“ во Битола и му поднесе пријава. 

-Лицето е идентификувано, со него е обавен разговор и поднесена е пркршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, потврдија од СВР Битола за АПЛА.мк 

Завчера и во текот на вчерашниот дел, лицето намерно ја кршело оградата на дрвениот мост, нарушувајќи ја безбедноста и стабилноста на мостот. Во текот на вчерашниот дел случајни минувачи го снимија човекот со мобилен телефон како повторно ја крши оградата, односно тоа што остана од неа откако претходно ги искрши дрвените рамки на повеќе места од мостот и ги фрлил во реката Драгор. 

 

А.Блажевска

434412943 376294755373789 6678188136931934795 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани