2win800x200

Како се создаваат приказните во медиумите

Март 12, 2026

Europe House Битола, на 12.3.2026, организираше неформален разговор помеѓу млади и локалните новинарки, Соња Тантарова Груеска и Анета Блажевска, на теми поврзани со медиумска писменост.

Наративот во медиумите влијае врз оформувањето на човековата реалност. Затоа сме тука за младите, да бидеме дел од создавање на нивен објективен свет, заснован на критичка мисла. Оттука важноста на ваквиот разговор.

Младите, поттикнати од излагањата и прашањата на новинарките, споделуваа свои ставови и перспективи во однос на медиумите, моќта на насловите и целта на текстовите. Преку дискусија, осознаваа нови гледишта за тоа како се создаваат приказните во медиумите.

Настанот покажа дека медиумската писменост е неопходна вештина за одговорно учество во општеството. Преку отворен разговор, меѓу стручноста и професионалноста  на новинарките и љубитноста и ентузијазмот младите, се споија два света што функционираат во еден.

Ваквите средби ја потврдуваат важноста младите да учат како да препознаваат проверени извори, да поставуваат прашања и да градат сопствено мислење. Младите со критчка мисла се основата на едно квалитетно и одговорно општество.

Благодарност до НУ „Завод и Музеј“ - Битола

 

 

2

 

1

649348548 17982011543970909 7237409699168568487 n

 

 

 649601161 17982011561970909 275723246536163809 n

649845068 17982011552970909 544664162639137450 n

651516431 17982011525970909 1825319183688974280 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани