2win800x200

УТРЕ во Битола почнува судењето за злоупотребите на Елена Спасеновска, екс директорка на Средношколскиот дом во Битола

Март 15, 2026

Утре во Основниот суд во Битола почнува судењето за поранешната директорка на Средношколскиот дом во Битола Елена Спасеновска. Судењето за Спасеновска е закажано на 16 март (понеделник)  во 9 часот, а ќе и суди кривичниот судија Елена Журовска од Основниот суд во Битола. 

Истрагата за злоупотребите во работењето на сега поранешната директорка на Средношоколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска, почанаа со серијата текстови на новинарката Анета Блажевска од Битола.

Спасеновска беше кадар на СДСМ и во времето кога со партијата во Битола раководеше Драган Крајовски таа беше член на Извршниот одбор. Но во мај 2024 година ОО на СДСМ Битола, на седница на Извршниот одбор ја исклучи Елена Спасеновска од член на ИО. Чашата се прелила откако Спасеновска физички нападнала вработена во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, каде директоруваше над 6 години.

0ecce10580cf211ea6cedec3e4f43603 XL

 

По една година и осум месеци истрага, Основното јавно обвинителство од Битола покрена обвинение за Елена Спасеновска како поранешна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. 

Основното јавно обвинителство Битола, јавно објави дека по спроведена претходна постапка, до Основниот суд Битола поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос.

Со продолжените злоупотреби на службената положба во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата, на еден работник му овозможила неоснована исплата на надоместок за неискористен дел од годишен одмор, а по неговото пензионирање му исплаќала дневници и трошоци за наводни службени патувања и му овозможила да продолжи да го користи службениот телефонски број, со што на ученичкиот дом му предизвикала вкупна штета од околу 140 илјади денари https://apla.mk/direktno/item/

Дополнително, со пречекорување на своите службени овластувања, таа и самата си исплатила неоправдани трошоци од 8.176 денари кои ги направила при службени патувања во Србија и Унгарија.

6332ffeeb8ca45169a2405ae9d883f36 XL

 

Понатаму Спасеновска, спротивно на Законот за јавни набавки, не спровела постапка за јавна набавка и директно склучила договор за сметководствени услуги со правно лице, прибавувајќи му незаконски вкупна корист од 180 илјади денари.

Во текот на 2021, 2022 и 2023 година обвинетата, како директор на установа која има помалку од 300 вработени, имала право да ангажира најмногу по три лица врз основа на договор на дело без согласност од Министерството за финансии. Сепак, таа секоја година го надминувала овој број, па врз основа на писмени, па и усни договори на различни лица исплатила незаконски вкупно околу 390 илјади денари од буџетот на установата.

Во периодот од 2021-2024 година, ангажирала повеќе лица и со договор на дело за период подолг од 24 месеци без согласност од Министерството за финансии и на тој начин им исплатила 712 илјади денари.

Кривичните дела – Фалсификување исправа обвинетата ги вршела за да го оправда своето отсуство од установата, составувајќи лажни патни налози согласно кои со службеното возило патувала во околината на Битола, Крушево, Прилеп или Скопје, иако во тоа време е утврдено дека таа со службениот автомобил ја напуштала државата преку граничните премини Меџитлија, Ќафасан и Ново Село на еднодневни или повеќедневни патувања. Во периодот од 11.05 2022 до 06.12.2022 ова е констатирано во девет случаи. Во 2024 година обвинетата ја преправила во целост третата страница од Записникот на Управниот одбор на Државниот ученички дом, заменувајќи ја во целост содржината во делот на констатациите за службените патувања, стои во обвинителниот предлог на ОЈО Битола.

Директорка од Битола понижувала, психички и физички малтретирала вработени, утврди Трудовата инспекција https://apla.mk/direktno/

Иако истрагата за работата на Спасеновска започна по новинарското истражување на новинарката Анета Блажевска и серијата текстови за Средношколскиот дом во Битола, од февруари 2024 до сега, објавени во порталите Апла.мк и Независен.мк, Блажевска за истражувањето за злоупотребите во Средношколскиот дом беше тужена од Елена Спасеновска, а судијата Кирил Јовановски од Основен суд Битола ја осуди новинарката. За случајот одлучува Апелација по жалба на новинарката.

 https://apla.mk/direktno/item/

 

АПЛА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани