Кога човековиот танц станува податок: „F_AI_LLE“
Кога ќе се спојат човековите движења, машинската перцепција, музиката и театарот се добива рефлексија на еден процес, насловен "F_AI_LLE" (“Crack”). „Процепот“ е жива интеракција помеѓу движења на танчар и уред што ги толкува тие движења, прикажани на платно.

Ваквиот перформанс, во склоп на Месецот на Франкофонијата, беше поддржан од мрежатата на Europe
House.
На
13.3.2026
публиката
имаше
можност
да
доживее
една
нова
дименција
на уметнички
настап.
Современиот
француски
танц,
беше
визуелно
впечатлив
приказ
на
новото време. Францускиот почесен конзулат и Француската Алијанса ја донесе современата француска уметничка мисла на сцената во Битола.

Танцовата претстава прикажа како вештачката интелигенција го интерпретира движењето на еден човек.
Комбинацијата
на
визуелните
и
музичките
компоненти
поттикнаа
излегување
од
една рамка на толкувањето на човековите дејствувања.

Во текот на изведбата, публиката беше сведок на необична комуникација помеѓу човеково-
уметничка и вештачка интелигенција. Секое движење на танчарот правеше нов визуелен одговор на
платното,
на
моменти
јасен
и
препознатлив,
но
и
фрагментиран
и
апстрактен.
Токму
тој „процеп“ станува нова форма на театарскиот израз.

Музиката
и
светлосните
ефекти
ја заокружија
атмосферата на
сцената.
Сцена, на
која немаше граници на дигиталното толкување на уметноста. Преку оваа интерактивна изведба, Месецот на Франкофонијата
во
Битола
ќе
добие
современа
и
иновативна
димензија.
Ова
покажува
дека културна сцена продолжува да ја спојува традицијата со новите технологии и да отвора простор за нови уметнички експерименти.
