По повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, ОУ "Коле Канински" реализираше низа настани и активности.
Вредните и талентирани ученици од одделенска настава, водени од нивните ментори, се претставија со многу ентузијазам и креативност под мотото „Со нас, не за нас“.
За настанот беа подгитвени различни музички точки, настапија танцови групи, беа организирани модни ревии, претставени изработки на прекрасни маички, разновидни беџови, и многу други забавни активности.
Од страна на наставниците по физичко и здравствено образование во ова училиште во текот на минатата недела беа организирани повеќе спортски натпревари: ревијален одбојкарски натпревар со ученици од ОУ„Стив Наумов“, ревијален фудбалски натпревар со ученички од 3, 4 и 5 одделение од ОУ„Тодор Ангелевски“ и повеќе спортски активности со ученици од 1 и 3 одделение од училиштето "Коле Канински" реализирани на часовите по физичко и здравствено образование.
-Наша цел е да ги поддржиме лицата со Даунов синдром и заедно со нив да ја подигнеме свеста на заедницата за важноста на инклузивното образование и еднаквите права за сите", велат од ОУ "Коле Канински"-Битола
Сите активностите и настаните во целост беа поддржани од Општина Битола, а присуствуваа и гости од Здружението „Порака нова" - Струга и од ЦПЛИП Порака - Битола