2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Речи му не на пушењето“-работилница во ОУ „Коле Канински“, дел од активностите за патрониот празник

Мај 23, 2023

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, ОУ „Коле Канински“ од Битола одржа работилница со наслов „Речи му не на пушењето“.

-Нашето училиште по повод патрониот празник имаше низа активности, а во рамките на тие активности нашите ученици изработија и букмаркери со пораката од оваа работилница „Речи му не на пушењето“, кој е дел од проектот финансиран од ДАП програмата на Австралиската амбасада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, а го реализира невладината организација Ектер од Битола во соработка од основните и средните училишта во Битола. Исто така ќе имаме работилница на оваа тема со нашите најмали ученици, бидејќи од најмали нозе треба да ги научиме дека пушењето е штетно по здравјето, рече директорката на ОУ Коле Канински-Битола, Дијана Толевска Христовска.

На работилницата учествуваше заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Филип Андерсон, кој ги сподели искуствата на својата земја во борбата против пушењето.

-Австралија како држава во 50-те и 60-те години имаше многу висока стапка на луѓе коишто пушеја, но за разлика од порано ситуацијата каква била денес во 2023 можеме да се пофалиме со многу ниска стапка на пушачи во нашата земја, но пред се овај проект беше наменет за дечињата односно едукативната компонента ни е исто така многу важна исто така и општествената, изјави Филип Андерсон, заменик Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград.

Дел од оваа работилница беше и Градоначалникот Тони Коњановски, кој рече дека од исклучително значење е училиштата да се вклучат во еден ваков едукативен проект.

-Неговата екселенција ги сподели неговите искуства како земја која што од одамна ги надминала проблемите со пушењето, ние само можеме да се вклучиме што поактивно и тоа почнувајќи од семејството од едукацијата, од особена значајност се и просветните работници и училиштата во еден ваков проект кој ќе каже не на пушењето. Порок кој како што знаеме сите и од медицински аспект и од социјален аспект ги надминува рамките на едно однесување кое што треба веќе да е зад нас. Младите треба да го следат примерот на она што ние како локална самоуправа ги поддржуваме овие проекти, меѓутоа образованието има клучно влијание. Големо е значењето и поддршката која ја имаме од Австралија како земја која дала добар пример за тоа како го решава. Се надевам дека младите искрено ќе стекнат поуки од ова, а ние сме тука да ја поддржиме оваа активност и уште многу  други“, изјави градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

На работилницата учествуваа и директорите од повеќе училишта од градот.

 

ааа

 

аааа

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани