2win800x200

Бојан Бојкоски - Битола ќе субвенционира дел од трошоците за возачки испит - Дали советниците од Левица ги читаат материјалите за седниците?

Декември 25, 2025

Општина Битола издвојува средства за субвенционирање на возачките дозволи за младите со вкупна сума од 300 илјади денари, како надомест за дел од трошоците за возачки испит. 

Оваа точка е поставена на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола  закажана за 29 декември.

На веќе закажана седница и познат  дневен ред, вчера општинската организација на Левица Битола  објави јавно дека ќе поднесе амандман за субвенции за возачка дозвола на младите во Битола. Ваквиот потег на Левица Битола е оценет како лицемерие од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, додека пак претседателот на Советот Бојан Бојкоски „амандманот“ на Левица го нарече политиканство.

 
Додека во други општини низ државата веќе се издвојуваат средства за субвенции за полагање возачка дозвола, во Битола младите и понатаму сами го носат товарот од над 30.000 денари за една основна потреба.
Затоа, советничката група на Левица поднесува амандман со кој бара издвојување средства од буџетот на Општина Битола за субвенционирање на полагање за возачка дозвола, наменето за младите битолчани, објави Левица Битола.
 
Претседателот на Советот Бојкоски возврати дека Левица предлага нешто што е дел од дневниот ред, па ги праша јавно советниците од Битола - дали ги читаа материјалите за седниците на Совет. 
 
 
„Жалам што советниците од Левица Битола очигледно воопшто не ги читаат материјалите за седниците на Советот.
Во точка број 11 од дневниот ред јасно е предвидено субвенционирање на полагањето на возачки испити за млади, мерка која директно им помага на младите луѓе.
Наместо конструктивна дебата и поддршка за вакви конкретни мерки, сведочиме на неосновани обвинувања и политиканство. Материјалите постојат, точките се јасни потребно е само да се прочитаат.
Наш фокус останува поддршката на младите и креирањето реални политики од кои граѓаните имаат корист“, објави Бојан Бојкоски, претседател на Советот на Општина Битола.
601844943 10236024144695709 4212201573596684452 n
А.Б 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани