2win800x200

Општина Битола издвојува средства за субвенционирање на возачките дозволи за младите со вкупна сума од 300 илјади денари, како надомест за дел од трошоците за возачки испит. 

Оваа точка е поставена на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола  закажана за 29 декември.

На веќе закажана седница и познат  дневен ред, вчера општинската организација на Левица Битола  објави јавно дека ќе поднесе амандман за субвенции за возачка дозвола на младите во Битола. Ваквиот потег на Левица Битола е оценет како лицемерие од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, додека пак претседателот на Советот Бојан Бојкоски „амандманот“ на Левица го нарече политиканство.

 
Додека во други општини низ државата веќе се издвојуваат средства за субвенции за полагање возачка дозвола, во Битола младите и понатаму сами го носат товарот од над 30.000 денари за една основна потреба.
Затоа, советничката група на Левица поднесува амандман со кој бара издвојување средства од буџетот на Општина Битола за субвенционирање на полагање за возачка дозвола, наменето за младите битолчани, објави Левица Битола.
 
Претседателот на Советот Бојкоски возврати дека Левица предлага нешто што е дел од дневниот ред, па ги праша јавно советниците од Битола - дали ги читаа материјалите за седниците на Совет. 
 
 
„Жалам што советниците од Левица Битола очигледно воопшто не ги читаат материјалите за седниците на Советот.
Во точка број 11 од дневниот ред јасно е предвидено субвенционирање на полагањето на возачки испити за млади, мерка која директно им помага на младите луѓе.
Наместо конструктивна дебата и поддршка за вакви конкретни мерки, сведочиме на неосновани обвинувања и политиканство. Материјалите постојат, точките се јасни потребно е само да се прочитаат.
Наш фокус останува поддршката на младите и креирањето реални политики од кои граѓаните имаат корист“, објави Бојан Бојкоски, претседател на Советот на Општина Битола.
601844943 10236024144695709 4212201573596684452 n
А.Б 
 
 
 

Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници ЗА(ВМРО ДПМНЕ  со коалицијата, ДУИ и ЗНАМ), 11 беа против (СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица),  а двајца воздржани (ГРИН и ЛДП) . -Дискусијата на Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети", рече Бојкоски. Бојкоски беше единствениот предлог за претседател на Советот на Општина Битола предложен од советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. На  Бојкоски ова му е втор мандат, во досегашниот совет беше координатот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и еден од најгласните и најактивните говорници во Советот.  Во продолжение обраќањето на Бојкоски до Советот.    

 
- Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам должноста да бидам претседател на Советот на Општина Битола. 
 
Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ова не е само чест, туку и обврска  да работиме посветено, одговорно и искрено во интерес на сите битолчани.
 
Во овој мандат нашата цел е јасна проект повеќе за Битола!
 
Она што наназад години го  баравме како битолчани од Владата на Република Македонија сега е реалност и таа е наш вистински партнер во процесот на развој на општината. Со нејзина поддршка обезбедуваме финансиски средства и институционална помош за реализација на значајни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги. 
Само со ваква соработка можеме да обезбедиме видлив напредок за граѓаните.
 
Нашата задача сега е да се избориме за нивна побрза реализација, затоа што граѓаните не чекаат ветувања тие очекуваат резултати. 
 
Исто така апелирам до сите градежни компании кои ги изведуваат проектите во општината почитувајте ги договорените рокови и стандардите за квалитет. Секое доцнење, импровизација или неквалитетна изведба ќе биде санкционирано. Одговорноста за сработеното е ваша, а толеранција за грешки нема да има.
 
Времето на празни критики мора да заврши.
Да, критиката е потребна, но уште поважно е да се работи. Најлесната професија е да се биде критичар но вистинската одговорност е да се биде градител, човек кој придонесува, предлага и создава.
 
Очекувам и се надевам дека во овој совет одлуките ќе ги носиме со консензус, едногласно и во интерес на граѓаните. 
Сите сме избрани со една цел  да му служиме на народот и да бидеме нивниот глас во оваа сала.
 
Заедно со градоначалникот, општинската администрација, директорите на јавните претпријатија, училиштата и градинките, треба да бидеме партнери и блиски соработници, со заедничка цел да ги надминеме сите предизвици што не очекуваат и да ги реализираме сите важни проекти за Битола.
 
Како претседател, ќе се залагам за максимално отворен, транспарентен и достапен Совет. 
 
Совет кој ќе биде модерен и дигитализиран, во чекор со времето и технологијата.
 
Дискусијата во Советот мора да се крене на повисоко ниво.
Лични навреди и дискредитации без разлика од кого се упатени и дали се упатени кон градоначалникот, советниците или вработените во општинската администрација немам намера да ги дозволам, ниту да ги толерирам.
 
Советот треба да биде пример за достоинствена и конструктивна дебата во интерес на граѓаните, а не поле за лични пресметки.
 
Пред нас стои и задача да го унапредиме Деловникот за работа на Советот, да ги отстраниме сите недоречености со кои се соочивме во изминатите четири години, и да создадеме функционален, ефикасен и фер систем на работа.
 
Почитувани, да ја водиме Битола со идеи, со енергија и со љубов.
Да покажеме дека кога има волја, има и резултати.
 
Битола заслужува совет што ќе работи не совет што ќе кочи и разединува.
Заедно ќе успееме, затоа што само обединети можеме да создадеме подобра Битола.

1000008713

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани