Битола заслужува работа а не театар, објави денеска претседателот на Совет на Општина Битола, Бојан Бојкоски откако на самиот почеток на седницата опозициските советници од СДСМ, Поинаку, ЛДП предложија над 30 -40 точки како дополнување на дневниот ред, повеќето амандмани.
-Од страна на опозициските советници на денешната седница беа предложени повеќе „точки“ како наводна измена и дополнување на дневниот ред.
Фактите се јасни: тие предлози не беа точки од дневниот ред, туку амандмани, кои согласно деловникот не можат да се предлагаат на ваков начин.
Советот постапи законски, одговорно и транспарентно, без импровизации и политички манипулации.
Дневниот ред не е место за конфузија, туку за сериозна работа во интерес на граѓаните.
Ние остануваме посветени на:
почитување на процедурите
институционална одговорност
носење одлуки со визија, а не со дневна политика
Јасно и гласно им порачувам циркузот кој во минатото го правеа и работеа против интересот на Битолчани повеќе нема да се случува!, објави Бојкоски.