2win800x200

Арамија влегол во домот на битолчанец, физички го нападнал сопственикот со остар предмет

Декември 18, 2025

СВР Битола известува - На 17.12.2025, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на В.К.(34) од Битола одзел пари. При обид да избега бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани