Генералното собрание на ЗЕЛС, највисокото тело на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, денеска ја одржа конститутивната седница.
На дневен ред беше и изборот на членовите на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски е избран за член на Управниот Одбор кој е составен од 19 градоначалници.
Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Скопје е реизбран на функцијата претседател на ЗЕЛС, а за потпретседатели се избрани градоначалниците на општините Центар и на Чаир Горан Герасимовски и Изет Меџити.
Во следниот период ќе бидат формирани и повеќе комисии, составени од градоначалници, во кои се обработуваат прашања поврзани на одредена надлежност од локалната самоуправа.