2win800x200

Битолчани - Нова забава на Пелистер на стартот на жичарата - 27 декември сабота со почеток од 11 часот

Декември 24, 2025

Битола добива нов концепт на настани под името Project 7000, проект инспириран од поштенскиот код на градот, но замислен како многу повеќе од географска одредница. Project 7000 е нова платформа за outdoor култура, музика и современ израз, која ќе живее и ќе се развива низ сите четири сезони од годината, на различни локации во и околу Битола.

 
Првиот настан од серијата, „Ski You Later“, ќе се одржи на 27 декември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, на Пелистер, на стартот на жичарата, како дел од официјалната програма на „Зимска приказна – Битола 2025/26“.
 Messenger creation CEAA760C A63F 4EA0 9CCE 9D755B6E9498
Изборот на локацијата не е случаен.
Стартот на жичарата на Пелистер е точка на премин, место каде градот останува под тебе, а просторот се отвора кон долината. Токму таму, Project 7000 ја започнува својата приказна: од висина, со перспектива кон долината.
 
„Ski You Later“ нема да е класичен ски-настан, ниту пак традиционална журка. Тоа ќе биде осмислено искуство во природа кој спојува музика, планина, визуелна естетика нова енергија, создавајќи поинаков начин на доживување на зимата, без клишеа и без потреба од затворени простори. Messenger creation C14A2958 1403 4D29 A430 1D159DDE5C46
 
▪️ Диџеи што знаат што значи звук од височина
 
Првиот настан на Project 7000 го отвораат Алекса Мандиќ Aleksa- Mandozica и Данило Радусиновиќ, диџеи кои доаѓаат од Црна Гора и се препознатливи по сетови што се случуваат надвор од клубската логика на планински платоа, тераси и локации со поглед кон долини и заливи.
Mandozica е диџеј чии најзапаметени настапи се одвивале дење, во отворен простор, каде музиката не ја надвикува природата. Неговите сетови се градат постепено, со чувство за простор, светлина и движење, квалитети што се клучни за настани на височина.
Данило, како house и afro house селектор, е познат по настапи на локации каде звукот се движи „надолу“ кон морето, кон градот, кон хоризонтот.  Овој пат одиме кон долината во која е сместена Битола.
За двајцата, висината не е сценографија, туку метод на работа. Токму затоа тие се првиот избор за отворање на Project 7000.
 
Настанот ќе започне со warm-up сет од битолскиот артист BerryQyat, кој ќе ја воведе публиката во атмосферата и ќе го постави ритамот на денот.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани