АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младинскиот културен центар - Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, реализира волонтерска акција наречена Опстанок.
Акцијата се реализира во СОУ „Таки Даскало“ Битола, во соработка со вработените и волонтерите од училиштето, со цел обновување и обезбедување на услови за зачувување на зеленилото во училишниот двор. За време на акцијата се засадија садници и се постави систем за наводнување „капка по капка“ како би обезбедиле услови за одржување на зеленилото во училишниот период. Во дополнение на оваа активност волонтерите ги разубавија жардинериите во дворот со исцртување и обојување.
Училишниот двор во СОУ „Таки Даскало“ Битола сега е уреден, раззеленет и обезбедени се услови за опстанок на зеленилото во престојниот летен период.
Во акцијата беа вклучени 50 волонтери од редовите на волонтерскиот клуб на училиштето, вработените во училиштето и претставници од граѓанскиот сектор во Битола.