АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во прекрасна атмосфера во Офицерскиот дом во Битола, се одбележа „Денот на пијаното“. Настанот кој и годинава привлече голем број посетители и силни аплаузи, беше поддржан од општина Битола и Културно информативниот центар и е дел од културната програма на општината за оваа година.
Музичкиот дел го исполнија 50 млади таленти од 8 музички училишта од Македонија: Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија и Скопје.
Трио Трифоника - пијано 6 раце го имаше својот премерен настап, за прв пат ваков состав настапуваше во Битола.
Програмскиот дел, беше збогатен и со предавање на психологот Нина Тасевска, на тема „Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап“.
Организатор на настанот е Здружението на пијанисти и педагози - Пијано од Битола, а секое ново издание изобилува со инвентивност и креативност, што претставува инспирација и поттик за создавачите на музиката, нејзините изведувач.