АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Јавните претпријатија, ги повикуваат сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да земат учество во Проектот „Универзитетска Летна Пракса“ кој ќе се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО.
Целта на проектот, е збогатување на практичните вештини на студентите. Со истиот, ќе бидат опфатени 40 студенти, кои практикантската работа ќе ја изведуваат во месеците jули, aвгуст и септември.
Секој од избраните студенти, ќе има можност да изведува практикантска работа во период од 1 календарски месец.
За реализација на практикантската работа, избраните студенти од општина Битола ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000,00 денари.
Критериумите кои треба да се исполнат се следни:
Секој заинтересиран студент кој ги исполнува погоре наведените критериуми, треба да ги достави следните документи:
Рокот за доставување на потребните документи е 12 април 2023 година до 16.00 часот.
Целокупната документација се доставува во електронска форма на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.