2win800x200

Фатма Бајарам Аземовска од Битолската Библиотека во посета на Библиотека во Дрезден, Германија

Април 03, 2023

М-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста  беше во посета на Библиотеката Städtische Bibliotheken Dresden во Република Сојузна Германија.

Städtische Bibliotheken Dresden нуди поддршка на сите фази на доживотното учење од училиште до возрасите читатели преку различни активности, обезбедува места за средби, размена и радост на живот поврзан со книги и читање, каде што се зајакнува идентификацијата со градот. Нуди еднакви можности преку создавање пристап и информации за сите, се промовира читањето како клучна културна техника,  исто така нуди вештини за справување со новите медиуми, нуди поддршка за справување со секојдневниот живот и креативните слободни активности, а самите слики говорат што активности реализира Дрезденската библиотека, вели Фатма Бајрам Аземовска во споделеното искуство од оваа посета. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани