Од утре, 6 јули, почнува со работа битолската Библиотека, а одлуката е донесена во согласност со мерките и препораките од Владата и Комисијата за заразни болести.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.
Задолжително е носење на лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.
Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека.
Одржување на физичко растојание од 2 метри
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел.
-Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита. Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна и на профилот на фејсбук, се наведува во соопштението од Библиотеката
Работата со корисниците ќе се одвива во две смени и тоа, прва смена 8 до 11,30 часот, па пауза за дезинфекција на просторот од 11,30 до12 часот и втора смена 12 до 16 часот. Сабота е неработна
Библиотеката ќе работи само за враќање и позајмување книги, обновување на членството и запишување на нови корисници, а читалните нема да работат до донесување на новите упатства.
Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.
Се препорачува на читателите да го користат електронскиот каталог за прабарување кој е достапен на www.nuub.mk при избор на библиотечната граѓа.