2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се гради колектороскиот систем во Потпелистерието, а следи реконструкција на патот за Магарево, го информираше Петровска Макрадули

Јули 03, 2020

 

При денешната работна посета на Општина Битола на министерот за животна
средина, Јани Макрадули заедно  со градоначалничката Наташа Петровска ја посетија пречистителната станица за селата Магарево и Трново,
проект финансиран од страна на Европската Унија, во вредност од 9.018.336,00 денари,
имплементиран преку партнерот УНДП.
Петроска посочи дека со средствата
од Министерството за животна средина во висина од над 3 милиони денари, се направи дел од колекторскиот систем на потегот од местото Црвени Петли до хотелот Шумски фенери, а со средства од Општина Битола во вредност од 17 милиони денари се направипотегот од Шумски Фенери до трафостаницата и испустот од
пречистителната станица до реципиентот.
 
Таа истакна дека поставувањето на
приклучоци кај индивидуалните домови е веќе при крај од страна на ЈП„Нискоградба“.
 
Во овој дел од Потпелистерието, за заштита на животната средина издвоени
се над 32 милиони денари, или над 521.000 евра.
 
При посетата на инфоцентарот на НП „Пелистер“, Макрадули и Петровска се сретнаа со директорот Амет Алиу и разговараа за тековните проекти и заштитата на животната  средина во рамкитена најстариот национален парк во државата, како и за  меѓуграничната соработка со Грција и Албанија.
 
Петровска, како најнов момент, нагласи дека е одобрен проектот за реконструкција на локалниот пат за селото Магарево.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани