АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ Битола се реализира работилница „Природа убавина”, каде гости беа учениците од четврто одделение од О.У. „Гоце Делчев“ - Битола со своите наставнички. На настанот присуствуваа и Петар Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф и двајцата љубители на природата. Тие успеаја на еден начин да им ги доловат наједноставните и најважните делови за заштита на природата, а посебно растенијата, животните, водата во неа и надвор од неа и сето тоа поддржано со слики, звуци од природата, растенија од природата (посебно лековити растенија) и слајдови на кои меѓу другото учениците се запознаа и со водата и заштитата на цела флора и фауна во природата.
Со тоа учениците целосно се запознаа со биолошката разновидност и се извлече заклучок дека кон природата треба да се однесуваме како кон скапоценост која не ни е дадена само нам, туку ние треба да ја чуваме и негуваме за идните генерации. Работилницата ја реализира библиотекарката Јасминка Кочевска.