АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани кои утрово патуваат од Скопје за Битола велат дека кај Дреново, пред тунелот, има долги колони од возила поради проблеми на патот, дождот однел дел од асфалтот. Битолчанецот Благојче кој ни ги испрати фотогафиите вели од 7 часот чекаат во колана, додека не се санира оштетениот дел. На терен веќе била пратена механизација да постави чакал и да се осопособи патот, но засега се уште се чека во колана.
И АМСМ јавува
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Реац, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско - Прилеп е во целосен прекин. На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.