АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Текст од прес-конференцијата на Бојан Бојковски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во битолскиот Совет.
Почитувани граѓани,
СДС веќе неколку денови со груби лаги и манипулации се обидува да ја замајува битолската јавност дека е донесена одлука за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори.
Вистина е само една, а таа е дека СДС со останатите советнички групи изврши грубо кршење на законот за јавни претпријатија и во нивно добро познат стил незаконски се обиде да ги промени членовите на управните и надзорните одбори и со тоа да направи хаос во јавните претпријатија.
Но тоа нема да Ви помине!
Ги повикуваме уште еднаш од СДС да го прочитаат законот за локална самоуправа и законот за јавни претпријатија а доколку е потребно и да извршат консултации со нивните правни тимови во партијата и потоа да излегуваат на прес конференции.
Паниката која ве има зафатено нам ни е јасна но треба да се помирите со фактот дека Битола има градоначалник кој ја реализира програмата за која доби поддршка од мнозинството граѓани на последните избори.
Само за ваше потсетување бидејќи очигледно e дека брзо заборавате, дека во времето на раководење на СДС со локалната самоуправа Битола беше за потсмев бидејќи немаше никаква реализација на проекти.
А додека во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија предложени од СДС беа лица кои беа слепи партиски послушници и креваа раце а директорите земаа кредити „За недај боже“ и се преземаа обврски без никаква финансиска анализа.
Јавните претпријатија во времето на СДС ги раководеа лица кои наместо да бидат добри домаќини тие беа слепи послушници на партија и истите ги превработија и претворија во партиски штабови на СДС па така во ЈП Комуналец вработивте 93 во ЈП Водовод 55 партиски послушници.
Граѓаните ве прочитаа и затоа уште долго ќе бидете опозиција во Битола!