Проблемот со санитарните јазли во ОУ „Д-р Трифун Пановски“, кој се провлекуваше години наназад, конечно ќе биде надминат.
Деновиве интензивно се работи на нивна санација, а потоа ќе се санираат и дел од подовите во ходниците во училиштето, за кои локалната самоуправа издвои средства од буџетот на општината во вредност од 1.800.000 денари.
И
овој реконструкциски зафат е показател за заложбата на општината за подобри услови во образовните институции во градот.