2win800x200

Србин крадел во црквата „Св. Недела“ во Битола, бил фатен на лице место

Јуни 26, 2023

Приведен крадец во Битола, фатен на дело додека крадел во црква. Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Најпрво скршил прозорец од храмот и влегол внатре, па со погоден алат го скршил и свештарникот, па одзел ситни монети. Се упатил кон касата но не успеал да го скрши катанецот.  Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани