АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четворица јавни обвинители од републичкото обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Струга, но и во Вишото во Битола под чие подрачје спаѓа струшкото, за предметите што се поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од ДУИ.
„Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на постапувањето, Комисијата ќе изготви извештај“,
велат од Јавното обвинителство.
Мерко заедно со неговото семејство пред една недела (на 20 јуни) беше ставен на „црната листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција и, како што објави Стејт департментот, присвоил средства и се мешал во судски и во други јавни процеси.
По ова и реакциите во јавноста за непостапувањето на домашните институции, од Јавното обвинителство ги најавија денешните контроли со цел да се утврди дали имало нестручно постапување од обвинителите.