АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ООУ ,,Елпида Караманди” Битола, денес стартуваше изведбата на работите предвидени со договор за реконструкција на покривот и тоалет за лица со посебни потреби преку проектот ,,Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во РС Македонија”.
Трипартитниот договор помеѓу Министерството за образование и наука, Општина Битола и ООУ ,,Елпида Караманди” Битола е потпишан во јули 2021 година.
-Со реконструкцијата на покривот и доградба на тоалет за лица со попреченост ќе се реши долгогодишниот проблем со прокиснување на кровот, а ќе се создадат пристојни услови за учење и непречено спроведување на воспитно образовниот процес, вели Татајана Дамчевска, директор на ООУ „Елпида Карамнади“ Битола