2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

82 години од смртта на Крсте Петков Мисирков

Јули 26, 2018

Крсте Петков Мисирков е роден на 18 ноември 1874 година во село Постол, Ениџевардарско, Егејски дел на Македонија.

Се школувал во грчкото училиште во сопственото село, а потоа во Србија и Бугарија. На крајот се школувал и во Русија, каде се занимавал и со научно-истражувачка работа од областа на јужнословенската филологија, историја и етнографија.

Активно учествувал во разни студентски македонски организации. Меѓу останатото, тој бил и претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Санкт Петербург, член – основач на Македонското студентско друштво „Св. Климент“, кое подоцна се преименувало во Македонско научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методија“ и се претворило во најзначајна македонска научна и национална институција во првите две десетлетија на XX век.

Во наредниот период, сè до ноември 1918 година, со сосема мали прекини, Мисирков живеел во Русија и неуморно работел на афирмација на посебниот македонски национален идивидуалитет.

Потоа, заедно со своето семејство, се населил во Бугарија каде живеел и работел до својата смрт на 26 јули 1926 г.

Годишнина од смртта на Мисирков денеска  единствено ја оддбележа  Здружението на гараѓани „Антифа„ од Битола

antifa

 

подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани