2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Манифестацијата "Денови на Смилевскиот конгрес“ станува национална установа со седиште во куќата на Даме Груев во Смилево

Август 01, 2023
Во Меморијалниот музеј во Смилево спомен соба посветена на Смилевскиот конгрес. Во Меморијалниот музеј во Смилево спомен соба посветена на Смилевскиот конгрес.

Владата на денешната седница  ја разгледа и Информација за потребата од основање нова Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар и донесе ваква Одлука.


Националната установа Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар, како што е посочено во Информацијата, ќе ги одбележува деновите на Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Северна Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.
 
Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во село Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани