АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Меморијалниот музеј во село Смилево, во предвечерието на Илинден, денеска беше отворена изложбата „120 години Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ“, чиј автори се историчарите Евгениј Литовски и Филип Талевски од НУ Завод и музеј Битола. Изложбата е поставена на 10 врамени паноа со фотографии од значајни личности и настани од Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ.
-Изложбата е организирана по повод големиот јубилеј 120 години од Илинденското востание.Ние му посветивме поголемо внимание на Битолскиот револуционерен округ како еден од главните чинители во Крушевската република, но исто така и во целиот Битолски региона. Станува збор за една компактна изложба, во која е прикажани луѓето и настаните кои се дел од Илинденското востание, кои исто така, одбележуваат една епоха во создавањето на Македонската држава, посочија авторите.
Е.Мисирлиевска