АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за изградба на новиот кружен тек. Се расчистува локацијата каде неодамна беа исечени повеќегодишните дрвја, а отстранета е и спомен бистата на војводата Александар Турунџев. Од Општина Битола посочија дека предвидено е нејзина дислокација во училиштето кое го носи неговото име во село Кукуречани
Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето. За овој инфраструктурен проект се предвидени 11.790.640 денари или околу 200 илјади евра, во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.
Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот,а на кружен тек ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев.