2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: За кружниот тек кај Ветеринарна станица нема проект во програмата што ја гласаа советниците

Јуни 08, 2023

Интегрална изјава на Јадранка Павловска, советник од СДСМ

 
За кружниот тек кај Ветеринарното фактите се следни:
 
1. На седницата на Советот на Општина Битола одржана на 16 септември 2022 година, една од точките на дневен ред беше Одлука за продолжување на активностите за реализација на Основниот проект за изградба на кружен тек кај Ветеринарна станица. Ние, советниците од СДСМ побаравме точката да се тргни од дневен ред, но владеачкото мнозинство на ДПМНЕ и Поинаку гласаше против. Кога точката дојде на дневен ред, ЗА гласаа само советниците од ДПМНЕ. 
 
2.  На седницата одржана на 27 декември 2022 година, Советот ја разгледа Програмата за уредување на градежно земјиште. Кружниот тек кај Ветеринарното не беше дел од таа програма, а без тоа не може да биде изграден. Без разлика, СДСМ гласаше против. 
 
3. На 28 декември 2022 година во Советот се носеше буџетот на Општина Битола за 2023 година. Советниците од СДСМ и коалицијата, во духот на конструктивност која толку многу ја бараат од нас ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски, покажавме добра волја и гласавме ЗА амандманот со кој се предвидуваат пари за изградба на кружен тек кај Ветеринарното. Гласавме за пари, не за проект. За проект на седницата не стана збор!
 
4. Проектот за кружен тек кај Ветеринарното влезе во Програмата за уредување на градежно земјиште на седницата одржана на 23 јануари годинава. Пари беа обезбедени, но проектот го немаше во програмата, а тоа е предуслов за изградба на кружниот тек. ДПМНЕ и Поинаку гласаа ЗА измените на програматата за уредување на градежно земјиште каде во точка 5.13 се додаде нова ставка Реконструкција на крстосница на ул.„Прилепска “ со ул.„Батаљон Стив Наумов“  (Ветеринарна станица). 
 
Ова се фактите, почитувани битолчани, за кои постојат видео снимки и записници. ДПМНЕ може да им го пере мозокот на своите послушници, но не може сите да не прави будали и да тврди дека сме гласале ЗА кружниот тек кај Ветеринарната станица. Ако на ДПМНЕ и Коњановски им е полесно, нека не обвинат нас како СДСМ дека сме деструктивни и дека ги кочиме проектите. Ништо нема да го промени фактот дека за година и пол ДПМНЕ и Коњановски потрошија над 50 милиони евра, а ништо не направија. Кога и да ја добие ДПМНЕ довербата од граѓаните да управува со Битола се случува катастрофа!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани