АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската млекарница „Бимилк“ и оваа среда подготви ново изненадување за своите потрошувачи. Вработени од Млекарницата со возило на „Бимилк“ до работните места и домовите на дел од своите потрошувачи во Битола им доставија пакетчиња со здрав појадок.
Ова беше одлична можност за нов супер-здрав појадок и за активен почеток на новиот работен ден. Појадокот се состоеше од коктел од сокови полн витамини, мафина и овошен мус со одличен вкус. Акцијата е насловена „Бимилк- појадок во среда“, а во рекламниот материјал со порака стои: „Одлична можност за нови почетоци, нови информации, откривање на нови вкусови“.
За подготовка на вкусните закуски искористени се здравите производи на „Бимилк“, млекарница која е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, а од неодамна го збогати и своето и онака богато портфолио на млечни и овошни производи. Со ваквиот гест Млекарницата покажа дека е поблиска со своите потрошувачи, а тие имаа можност бесплатно да уживаат во богатите вкусови на храна што за нив посветено ги подготви „Бимилк“.