2win800x200

В понеделник Свечено пуштање во употреба на Битолско детско игралиште, донација од Бимилк

Септември 25, 2022

Битолска млекара Ве повикува на свеченото пуштање во употреба на Битолско детско игралиште. Настанот ќе се одржи на 26.09.2022 (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Градскиот парк во Битола.

На настанот ќе бидат присутни и свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и регионалниот маркетинг менаџер на Бимилк, Полексена Јанкуловска. 

Новото детско рекреативно катче е донација од компанијата Бимилк за градот Битола. Игралиштето е распространето на површина од 1 400 m2 и вклучува 20 интерактивни игри и рекреативни содржини за деца. 

Битола  ќе има ново детско игралиште за среќно и безгрижно детство и здраво растење. Ова рекреативно катче е донација од компанијата Бимилк за градот Битола, за сегашните и идни генерациите да растат и да се развиваат во здрава и креативна средина.

Покрај 20те интерактивни игри на самото игралиште, на ова отворање за дечињата е подготвена разнолика содржина со едукативните активности, аниматори, магионичари, а сето тоа придружено и збогатено со веселата изведба на Детскиот хор „Ѕвончиња“.

Затоа Бимилк ги повикува граѓаните на Битола да бидат дел од свеченото отворање и заедно да придонесат за поголема забава.

„Со големо задоволство го отвораме ова игралиште затоа што на овој начин придонесуваме за безгрижно растење на најмладите. Битолското детско игралиште ќе претставува голема зона за забава и играње, за рекреација и едукација на најмалите, за весело детство и здрав развој, што впрочем е и наша основа на делувањето - да растеме заедно“, велат од Бимилк.

Игралиштето е распространето на површина од 1 400 m2 и вклучува 20 интерактивни игри и рекреативни содржини за деца. На отворањето на игралиштето, со поддршка на Пакомак ќе бидат организирани и едукативни работилници со цел кај децата да се поттикнат креативноста и еколошката свест.

Првата млекарница во државата, што оваа година го одбележува 70годишниот јубилеј, со своите донации и општествено одговорни активности што се одвиваат во континуитет најмногу ги опфаќа децата, нивната едукација и здравиот развој.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани