Центарот за управување со кризи Битола, ја пренесува информацијата од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта каде се наведува дека сите магистрални и регионални патни правци на подрачјето на РЦУК Битола се проодни. Регионалниот пат Битола-хотел Молика е прооден, опесочен, после с.Трново со остатоци од снег и мраз. ЕЛС Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Демир Хисар и Крушево известуваат дека сите локалните патни правци се проодни.