Наследството од фото студио „Мис“ од денес ќе се чува во Државниот архив во Битола

Декември 06, 2023
Фото: Државен архив-одделение Битола Фото: Државен архив-одделение Битола

На иницијатива на семејството Фејзула, наследници на сопственикот на поранешното фото и видео студио „Мис“ – Битола, денес во Државниот архив одделение Битола беа предадени архивски материјали од студиото на битолскиот фотограф Џеват Фејзула (3.11.1941 - 16.02.2021), соопштија од Установата

Неговиот син Џелал Фејзула со сопругата Сузан, кои живеат во САД, пројавија интерес да ги предадат материјалите од студиото за да бидат зачувани во Архивот, како дел од грижата за фото-културата и нејзиното значење за современата локална историја на градот.

-Изразуваме особена благодарност до семејството Фејзула за нивната иницијатива проследена со историска и архивска свест за важноста на зачувувањето на материјалите важни за современата историја на Битола, фотографскиот еснаф и занаетчискиот живот во градот. Нека оваа иницијатива биде поттик со сите граѓани за зголемување на соработката помеѓу приватните иматели и нашата институција во однос на предавање на архивски материјал од историско и културно значење, наведуваат од Државниот архив одделение Битола

408171602 740220168146937 3501178303821017098 n

408082369 740220221480265 8273896602826252145 n

Краток историјат на Студио „Мис“:

Џеват Фејзула го изучувал фотографскиот занает во Белград и Загреб, од кадешто ја набавил својата фотографска и студио опрема. Во Битола бил чирак во фото-студиото „Искуство“ на фотографот Благој Стојчевски, на „Булевар 1 Мај“. Мајсторскиот испит го положил во Охрид.

Локацијата на неговото студио била во централното градско подрачје и три пати се менувала во текот на периодот 1961-1997, а последната локација била во реонот познат како „Дрвен пазар“. Интересен факт, особено важен за културолошките и мултиетничките аспекти на ова наследство е што Фејзула бил единствен фотограф од исламската заедница во Битола. Неговото фото-студио било за портрет фотографија; изработка на гимназиски матурски таблоа, а се занимавал и со рана монтажа, како и репродукција на стари фотографии – пејзажи и панорами на градот Битола и поважни културни објекти; најголем дел од фотографиите биле во црно-бела техника.

408103811 740220258146928 3863628735846097219 n

408145564 740220218146932 5392822803760419425 n

408104129 740221351480152 8795380620402458900 n

11111111

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани