АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора денеска донираа медицинска и немедицинска опрема на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
На промотивниот настан во овој град, министерот за здравство Фатмир Беџити истакна дека со донацијата се врши зајакнување на потенцијалот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
-Во ЈЗУ Клиничка болница-Битола реализираме зајакнување со нова медицинска и немедицинска опрема во вкупна вредност од 450.000 долари, обезбедена со поддршка на невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора. Станува збор за опрема во која има апарати за стерилизација, ортопедски помагала, болнички кревети, медицински столици, инхалатори, апарати за мерење на притисок и инструменти и заштитна опрема, истакна министерот Меџити.
Јавна благодарност до донаторот упати директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Елизабета Ивановска која рече дека опремата е од големо значење и оти со неа ќе се подигне степенот и квалитетот на здравствените услуги и здравствената нега на пациентите од целиот регион.
Директорот на Обединета Македонска Дијаспора за Северна Македонија и Европа Гордан Јорданов истакна дека голема е честа во пресрет на божиќните празници да бидат во можност како организација по втор пат да организираат донација на медицинска опрема од овој карактер и со тоа да се заокружи 1 милион американски долари во медицинска опрема да бидат доделени на здравствените установи во државата.