Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми од 3то, 4то и 5то одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како продолжување на дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на
Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Оваа акција има за цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со разни предизвици од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми.