2win800x200

Режисерот Благојче Божиновски е нов директор на КИЦ - Офицерскиот дом и киното „Манаки“ во Битола

Јануари 24, 2024

Благојче Божиновски е новиот директор на Културно информативниот центар во Битола под чија надлежност се Офицерскиот дом во Битола и Киното „Манаки“. Божиновски е назначен за вршител на должност и доаѓа на местото на доскорешната директорка Лили Бошевска која по нецели две години од мандатот самата си поднела оставка. 

Божиновски како културен работник е познат на битолската и македонската јавност како автор на над 20 театарски претстави, документарни филмови и серијали. 

Тој е дипломиран театарски режисер со долгогодишно искуство на меѓународни и други проекти. 

 

 А.Блажевска 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани